Fahri Aksüt
20 Декември 2019•Ажурирај: 21 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турција денеска ја осуди употребата на негативен речник кон неа во Предлог-законот за буџетот за одбрана усвоен од американскиот Конгрес, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ова е последниот исход од агендата, кој следуваше од членовите на Конгресот, кои се подготвени да им нанесат штета на нашите билатерални односи со какви било средства“, соопшти портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој.
„Турција ја осудува експлоатацијата и на еден обичен процес на буџетирање поради краткорочните политички амбиции на американските политичари“, рече Аксој.
Тој нагласи дека американските членови на Конгресот ја уништуваат сопствената репутација и кредибилитет со тоа што си дозволуваат да бидат користени од страна на нивните колеги со антитурско расположение, со цел да го расипат сојузот меѓу Анкара и Вашингон.
„Круговите кои се обидуваат неправедно да ја блокираат испораката на авионите „F-35“ за Турција, притоа, обидувајќи се да ги отежнат напорите за решение на островот Кипар и можностите за соработка во Источниот Медитеран, ќе сфатат навремено дека нивните иницијативи се всушност штетни за интересите на САД и не служат за регионалниот мир и стабилност“, додаде Аксој.
Американскиот Сенат со големо мнозинство го одобри Предлог-законот за буџетот за одбрана од 738 милијарди долари, а во кој се вклучени голем број мерки против Турција, вклучувајќи забрана за испорачување на воените авиони „F-35“ на Турција поради купувањето на рускиот одбранбен систем „S-400“ и се повикува американскиот претседател Доналд Трамп да наметне санкции врз Турција.