Muhammed Boztepe
20 Декември 2019•Ажурирај: 23 Декември 2019
АНКАРА (АА) - МУХАМЕД БОЗТЕПЕ –
Властите на Република Турција депортираа вкупно 110 странци кои војувале во Сирија во редовите на терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (AA).
Надлежните турски служби спроведуваат процедура за депортирање на странските терористи на ДЕАШ во земјите од кои дошле.
Во периодот од 11 ноември до 19 декември во земјите на потекло се депортирани вкупно 110 терористи, вклучувајќи и 46 терористи кои се депортирани во европските земји.
Меѓу депортираните терористи се наоѓаат 21 државјанин на Германија, 13 Французи, пет Британци и двајца државјани на Косово.
Во центрите за депортација во Турција се наоѓаат уште 849 терористи кои чекаат на депортација во земјите од кои доаѓаат.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, во повеќе наврати изјави дека Турција ќе ги испорача сите фатени терористи во земјите од кои дошле. Тој јасно порача дека Турција не е „хотел за припадниците на ДЕАШ“.