Mustafa Çalkaya
07 Јуни 2022•Ажурирај: 08 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Заклучно со минатата година, бројот на библиотеки во Туркије (Турција) е зголемен за 1,7 отсто во однос на претходната година и достигна 34.555, јавува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за статистика на Туркије (TÜİK) ја соопшти статистиката за библиотеките за 2021 година.
Според тоа, заклучно со крајот на минатата година во државата работат вкупно 34.555 библиотеки. Покрај Националната библиотека има 1.252 јавни, 612 универзитетски и 32.690 библиотеки во различни образовни институции. Бројот на библиотеки е зголемен за 1,7 отсто во однос на претходната година.
Кога ќе се анализира бројот на книги во однос на претходната година, се гледа дека во Националната библиотека бројот на книги е зголемен за 4,7 отсто и достигна бројка од 1.545.352, во универзитетските библиотеки има зголемување за 8,7 отсто и достигната е бројка од 20.174.856.
Во јавните библиотеки бројот на книги достигна на 22.35938 со зголемување од 5,8 отсто во однос на претходната година. Во библиотеките во разни образовни институции бројот на книги е намален за 0,4 отсто и моментално има 34.325.612 книги.
Бројот на пријавени членови во Националната библиотека лани е зголемен за 8,1 отсто во однос на претходната година. Во Националната библиотека зачленети се 136.120 лица.
Бројот на корисници на јавните библиотеки е зголемен за 21 отсто во однос на претходната година и достигна 15.683.134. Бројот на членови во јавните библиотеки е зголемен за 10,4 отсто во однос на претходната година и достигна 4.898.744.
Бројот на е-книги во универзитетските библиотеки е намален за 3,9 отсто во однос на претходната година и изнесува 93.559.479. Бројот на членови регистрирани во универзитетските библиотеки е зголемен за 2,3 отсто и изнесува 3.641.661. Бројот на книги во различни образовни институции е зголемен за 13,2 отсто во однос на претходната година.