Mehmet Tosun
07 Јуни 2022•Ажурирај: 07 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Дилбирин Качар, со кодно име „Рожда“, за која беше утврдено дека како атентатор учествувала во различни акции на терористичката организација ПКК/ЈПГ, донесена е во Турција со операцијата на Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) изведена во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносни извори, Качар, во терористичката организација се приклучила во Сирт во 2015 година. Испратена е во Сирија во 2016 година, откако околу една година дејствувала во регионите Чуди и Габар.
Качар, во областа Синџар во Ирак е обучена да изведува атентати. Таа учествувала во различни акции во име на организацијата за време на операциите „Маслинова гранка“ во јануари 2018 година и операцијата „Извор на мир“ во октомври 2019 година.
Утврдено е дека Качар била таканаречена командантка на тимот, која како засилување била испратена во регионот Ајн ел Арап против евентуалната операција на Турција.