Barış Gündoğan
11 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
АНКАРА
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа изјави дека вкупниот број на активни случаи со Ковид-19 во Турција опадна на 40.150, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупно 3.089 пациенти со Ковид-19 оздравеа во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот број на оздравени изнесува 95.780“, изјави Коџа на Твитер.
„Бројот на смртни случаи од пандемијата се искачи на 3.841, од кои 55 почина во текот на изминатите 24 часа“, додаде Коџа.
„Во земјата се пријавени 1.114 нови случаи, со што вкупниот број изнесува достигна 139.771“, се соопштува од Министерството за здравство.
„Во текот на изминатите 24 часа се спроведени 32.722 тестирања, со што вкупниот број на тестови се искачи над 1,4 милиони“, изјави тој.
Бројот на пациенти кои се наоѓаат на интензивна нега и на кои им е потребен респиратор продолжува да опаѓа, изјави турскиот министер за здравство.
Коџа изјави дека доколку јавноста продолжи да ги следи упатствата, бројот на случаи на заразување ќе падне под 1.000 на дневно ниво.
Новиот тип коронавирус, што за првпат се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на декември минатата година, се прошири во повеќе од 200 земји и региони во светот.
Како резултат на епидемијата починаа 284.150 лица низ целиот свет, додека оздравеа 1.502.591 лице што беа заразени со вирусот.