Andaç Hongur
11 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Според соопштението, Ердоган и Меркел разговарале за можностите за соработка за време на борбата против Ковид-19 и чекорите кои ќе бидат преземени во периодот после епидемијата.
Во соопштението исто така се нагласува дека Ердоган и Меркел се осврнале и на билатералните односи, како и на регионалните прашања.