Burak Bir
11 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
АНКАРА
Турција ќе им испрати медицинска помош на Израел и на Палестина за да им помогне во борбата против Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во помошта спаѓаат 100.000 маски N95, 40.000 PCR комплети за тестирање, 100.000 ракавици, 40.000 заштитни комбинезони, 20.00 заштитни наочари, два тона средства за дезинфекција на раце и друга опрема како дел од договорот за грант меѓу Турција и Палестина потпишан на 14 април.
Новиот тип коронавирус, што за првпат се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на декември минатата година, се прошири во повеќе од 200 земји и региони во светот.
Како резултат на епидемијата починаа 284.150 лица низ целиот свет, додека излекувани се 1.502.591 лице што беа заразени со вирусот.