Ayşe Yıldız
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
АНТАЛИЈА (AA) - Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу се состана денеска во Анталија со германскиот колега Сигмар Габриел, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за надворешни работи на Турција наведено е дека Чавушоглу и Габриел разговарале за билатерални односи на Турција и Германија.
Во врска со денешната средба, Чавушоглу се огласи и преку Твитер, каде напиша дека денеска имал неформален состанок со Габриел, како и дека притоа станува збор за билатерални односи, тешки прашања и взаемни очекувања.