Orhan Onur Gemici
24 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
АНКАРА
Турските авиони неутрализираа најмалку осум терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти Министерството за национална одбрана на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите се неутрализирани во регионот Гара во воздушна операција“, се соопштува од Министерството на Твитер.
Терористите на ПКК често го користат северен Ирак за планирање прекугранични терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.