Engin Ören
05 Јануари 2018•Ажурирај: 06 Јануари 2018
ЧАНАККАЛЕ (AA) - Вкупно 32 лица од Авганистан, кои се обидуваа да одат на грчкиот остров Лезбос на нелегален начин, беа фатени во Чанаккале, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите на секторот за борба против криумчарење и организираниот криминал при градската полициска дирекција по добиената пријава го следеле минибусот од Истанбул до Чанаккале.
Во потрагата по возилото беа фатени 32 илегални мигранти со авганистанска националност, од нив, 20 беа деца и 5 жени.
Утврдено е дека лицата М.Ј и М.Ш.Б кои органзирале излезот на емигрантите биле притворени.
Странските државјани беа донесени на полициска станица,а осомничените ќе бидат упатени во суд.