Sezgin Pancar
29 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
МЕРСИН (АА) - СЕЗГИН ПАНЏАР -
Водопадот Јерќопру што се наоѓа во подрачјето на Мут, во турската област Мерсин, кој е официјално регистриран како споменик на природата од страна на турската Генерална дирекција за заштита на природата и националните паркови, нуди импресивен пејсаж за оние што сакаат својот одмор да го поминат во природа, пишува Anadolu Agency (AA).
Водопадот Јерќопру е висок 30 метри, и се наоѓа на 35 километри оддалеченост од центарот на подрачјето Мут.

Поради недопрената природа, овој водопад нуди богата флора за посетителите, заедно со тиркизното езеро со должина од околу 300 метри и длабочина од 15 метри.
Овој водопад со прекрасен изглед, во 2001 година е регистриран како споменик на природата од страна на Генералната дирекција за заштита на природата и националните паркови. Водопадот каде што се слуша ехото на пеењето на птиците, нуди визуелно уживање со различните бои кои се прелеваат поради падот на водата од височина.
Посетителите можат да уживаат во погледот на овој водопад од двете тераси, од кои едната е изградена спроти, а другата над водопадот.

Со својот извонреден изглед, водопадот Јерќопру го привлекува вниманието и на фотографите, а особено во летниот период е посетуван од страна на голем број локални и странски туристи.
Директорот на Дирекцијата за заштита на природата и националните паркови во Мерсин, Омер Арслан, во разговор за АА истакна дека сината боја на водата на водопадот, зелената природа во околината и звуците на птиците на посетителите им нудат посебна атмосфера.
Тој апелираше до туристите да го посетат ова прекрасно место.