Vanesa Balicevac
29 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во турскиот град Чанаккале денес се одржа пливачкиот митинг „Troya Open Water Swimming Race“, јавува Anadolu Agency (AA).
Учесниците имаа можност да се натпреваруваат на трката на отворено море.
Митингот е организиран по повод 20-годишнината од ставањето на Троја на листата на светско наследство на УНЕСКО.
На митингот учествуваа околу 1.000 учесници кои имаа можност да пливаат на патеката долга 5,8 километри помеѓу плажите Барбарос и Кепез.
Градот Чанаккале се наоѓа на теснецот Дарданели, кој го поврзува Мраморното и Егејското Море.
Троја е град од големо значење во однос на разбирањето на раниот развој на европската цивилизација, Покрај тоа, Троја има исклучително културно значење поради длабокото влијание на Хомеровата „Илијада“ врз уметноста пред повеќе од два милениума.