Sarp Özer
03 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
АНКАРА (AA) - Бродови на Крајбрежна стража на Турција упатени се кон меѓународните води во Егејско море, по известувањето дека од грчки воени бродови е отворен оган на еден еден турски транспортен брод, јавува Anadolu Agency (AA).
Според неофицијални информации, од пловило на грчка крајбрежна стража отворен е оган на транспортен брод кој во меѓународните води, пловел под турско знаме. До инцидентот дошло во меѓународните во близина на островот Родос.
Како што му е кажано на новинарот на АА од Министерството за внатрешни работи на Турција, на местото на настанот се упатени пловила на Крајбрежната стража на Турција кои го придружувале бродот кон пристаништето во Турција, каде ќе бидат испрашани членовите на посадата.
На бродот се видливи траги од куршуми, но нема ранети лица.
Дипломатските извори јавуваат дека се во постојан контакт со релевантните институции.