Sibel Kurtoğlu
23 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати честитки по повод 100. годишнината од формирањето на Големото народно собраие на Турција (ТБММ), и Денот на детето и националниот суверенитет, нагласувајќи дека 23 април е најважниот симбол на демократијата, народната волја и на суверенитетот на народот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Кога нашата татковина беше окупирана, нашето Големо народно собрание кое е отворено пред еден век во Анкара, стана центарот на борбата на нашиот народ и држава за слобода“, рече Ердоган во своето обраќање од палатата Хубер во Истанбул.
Тој исто така се присети на основачот на Турција, Мустафа Кемал Ататурк и сите загинати херои на земјата.
„Република Турција е формирана врз концептите на единство, солидарност, братство“, нагласи тој.
Ердоган, исто така, го одбележа денот како знак на вредноста што турската нација ја става на своите деца и нивната доверба во младоста.
Осврнувајќи се на пандемијата на Ковид-19, Ердоган истакна дека во Турција борбата против пандемијата се одвиваше со решеност, верба и надеж.
„Веруваме дека ќе ја надминеме оваа катастрофа со дозвола и милоста на Господ, како и со остроумноста на нашата ценета нација“, додаде Ердоган.