Özcan Yıldırım
23 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 18.491, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 40.962 тестирања за Ковид-19, од кои 3.116 лица сe позитивни на овој вирус.
Според тоа, во последните 24 часа починаа уште 115 лица како последица на оваа пандемија, а излекувни се уште 2.014 лица.
Во Турција се извршени вкупно 791.906 тестирања, откриени се вкупно 101.790 случаи, додека починаа вкупно 2.491 лице поради Ковид-19.
Се нагласува дека 1.816 лица се наоѓаат на интензивна нега, бројот на интубирани пациенти изнесува 982, додека вкупно излекувани се 18.491 лице.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот Твитер профил ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Денес сме во подобра состојба од вчера. До оваа точна дојдовме со извршени 791.906 тестирања, од кои ниту едно не е извршено случајно“, напиша Коџа, нагласувајќи дека со преземање мерки треба да се поддржи овој процес.