Halil İbrahim Başer,Etem Geylan
11 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим во врска со терористичкиот напад во Истанбул изјави: „Се подразбира дека се води истрага за случјот, воопшто не се сомневам дека голема е веројатноста овој напад да е дело на терористичката организација ПКК. Независно која терористичка организација го извршила овој подмолен напад, за нас сите организации се исти. Доколку тие како цел ги имаат човечките животи, нашето единството, заедништвото и братството, ние треба да се бориме против нив”, јавува Anadolu Agency (AA).
Во истанбулската болница за едукација и истражување, ранетите ги посети премиерот Јилдирим, а по посетата, пред болницата одговараше на прашањата на новинарите.
Премиерот одговарајќи на прашањето за ситуацијата поврзана со синоќешниот напад во истанбулската населба Бешикташ, потсети дека во бомбашкиот напад животот го загубиле голем број полицајци и цивили, и дека има голем број на ранети.
Премиерот Јилдирим соопшти дека во моментот продолжува лекувањето на ранетите и додаде дека во врска со настанот е започната и административна и судска истрага, а има и приведени лица.
Премиерот Јилдирим изјавувајќи дека е потребно да се продолжи со работата, рече:
„Се подразбира дека нашите напори дадоа резултат во борбата против тероризмот, за обезбедување на единството, заедништвото и братството, и овој напад е дел од тоа. Значењето е многу отворено, терористичките организации кои се во очај да го привлечат вниманието, ја откриваат сета своја подлост, целејќи на единството, заедништвото и братството во нашата земја. Што и да направат, овој народ е голема нација. Како што на 15 јули и дадовме лекција на подлата организација ФЕТО, на ист начин ќе ги искорениме сите терористички организации, ПКК, ПЈД, ЈПГ, ФЕТО, ДХКП-Џ, колку и да ги има. Имаме волја, имаме и моќ за тоа”.
Премиерот Јилдирим истакна дека е голема националната тага во државата и додаде: „Душата ни гори, но болката во душата ќе ја надминеме, нема да ја забележуваме. Ќе ги овековечиме нашето единство, заедништво и братство. Не губиме ништо од нашата одлучност за борбата против тероризмот. Овој настан, нас како народ, и нас како влада, нѐ прави поопределени и поодлучни да одиме против овие подлеци”.
- „Со тероризам не може да се постигне никаков резултат” -
Премиерот Јилдирим рече дека семејствата на загинатите се негов аманет, и додаде:
„Испраќајќи ги во вечноста, тагата на семејствата на најблиските ја споделуваме со 79 милиони граѓани на Турција. Им посакуваме брзо заздравување на ранетите. Тероризмот е слепа улица. Со тероризам не може да се постигне никаков резултат. Тероризмот само ни создава тага и болки, но на крајот и самиот себеси се уништува, се истребува. Република Турција е голема држава. Ние сме голем народ. Изминавме голем број испити. Верувам дека и од ова ќе излеземе успешно.
Н апрашање на наовинар дали постојат индикации која терористичка организација го извела нападот и дали би можеле да кажеме дека тоа го направила терористичката организација ПКК, премиерот Јилдирим одговори: „Се подразбира дека се води истрага за случајот, воопшто не се сомневам дека голема е веројатноста овој напад да е дело на терористичката организација ПКК. Независно која терористичка организација го извршила овој подмолен напад, за нас сите организации се исти. Доколку тие како цел ги имаат човечките животи, нашето единство, заедништвото и братството, ние треба да се бориме против нив”.