Ердоган - Обама: Интензивирање на заедничката борба против ДАЕШ
- "Ја искористивме оваа можност да зборуваме за чекорите на коалициските сили во наредната фаза на борба против Даеш", рече Ердоган по средбата со Обама.
?????
15 ноември 2015•Ажурирај: 15 ноември 2015
АнталијаАНТАЛИЈА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот американски колега Барак Обама за време на билатералната средба во Анталија разговараа за тековните проблеми вклучувајќи ја и борбата против терористичката организација Даеш во Сирија, јавува Anadolu Agency (АА).
"Ја искористивме оваа можност да зборуваме за чекорите на коалициските сили во наредната фаза на борба против Даеш. Како пример за партнерство и сојужништво ќе продолжиме да бидеме солидарни за придонес кон воспоставување на глобалниот мир", рече Ердоган по средбата со Обама.
Тој посочи дека самитот Г-20 во Анталија се одржува во специфичен период, веднаш по терористичките напади во Париз во кои загинаа 129 лица, а повредени се стотици луѓе. Во оваа прилика тој најостро го осуди овој терористички напад.
"Самитот во Анталија ќе се одржи според планиранот протокол и теми, сепак, јас сум убеден дека и од оваа место ќе бидат пратени прецизни пораки во врска со нашите ставови и противење на тероризмот", рече Ердоган.
- Тероризмот нема религија или нација –
Истакнувајќи дека светот денес се соочува со колективен тероризам, Ердоган изјави дека тероризмот нема вера или нација.
"Тероризмот нема религија, раса, националност или татковина. Во нападот во Париз, како и во случаите во Анкара, Газиантеп, Дијарбакир Суруџу или порано, сме соочени со колективен тероризам. Овој терористички чин не беше само насочен против францускиот народ, туку против човештвото", рече Ердоган.
Турскиот претседател и домаќин на Самитот на Г-20, рече дека во текот на дводневната програма ќе се дискутира за прашањето за климатските промени, за бегалската криза и глобалните финансиски и економски случувања. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Република Турција е важен сојузник на САД и на целата меѓународна коалиција во борбата против ДАЕШ во Ирак и Сирија.
Обама рече дека Самитот Г-20 е собир на кој што пред се ќе се зборува за наменет пред се за економијата, но дека во сегашната ситуација, по трагедијата во Париз, неизбежно е да се зборува и за прашањата што Ердоган пред тоа ги кажа.
"Ужасни терористички напади во Анкара претходно, а сега и во Париз, се дело на идеологиите на злото, и не се само напади на народите на Турција и Франција, туку на современиот свет", рече Обама.
Тој испрати порака со сочувство до францускиот народ, додавајќи дека ќе вложи максимални напори одговорните за тероризам да бидат изведени пред лицето на правдата. Обама рече дека Турција е важен сојузник во борбата против Даеш и додаде дека постои договор со кој како сојузниците на НАТО работат за зајакнување на притисокот врз Даеш.
Американскиот претседател истакна дека денешната дискусија беше важно во зајакнувањето на контролата на турската граница со Сирија за да се спречи движењето на странски борци. Потенцирајќи дека со Ердоган зборел за бегалската криза, тој истакна дека Турција е во овој сегмент и има направено многу за да застане рамо до рамо со Европа, со цел да им помогне на овие луѓе.
Обама вечерва ќе оствари билатерална средба на маргините на Самитот на Г-20, со кралот на Саудиска Арабија Салман Бин Абдулазиз Ал Судом.