Zafer Fatih Beyaz
29 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, а една од темите на разговорот беше моменталната состојба во регионот Нагорно Карабах, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението од Кабинетот за комуникации при турското Претседателство се наведува дека Алиев во текот на разговорот упатил честитки до Ердоган и до турскиот народ по повод 29 Октомври, националниот празник Денот на Републиката, односно 97-годишнината од основањето на Република Турција.
Ердоган му се заблагодари на Алиев за честитките и порача дека Турција ќе продолжи да биде покрај Азербејџан и да му пружа поддршка.
За време на разговорот станало збор за актуелната ситуација во регионот Нагорно Карабах, каде што владеат судири, како и за други билатерални и регионални теми.