ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се обрати пред учесниците на 7. Заливски самит, организиран на темата „Глобална иднина: Паметна економија базирана на човекот“. Претседателот Ердоган се осврна на надминувањето на метежот во кој се заглавени развиените земји при својот раст, јавува Anadolu Agency (AA).
Во однос на тоа турскиот претседател истакна: „Поради нивната погрешна дијагностика, и лекувањето го бараат на погрешно место. Природата на економијата се темели на побарувачката. Побарувачката не можат да ја направат ниту роботите, ниту финансиските инструменти. Побарувачката можат да ја постават само луѓето. Тоа значи дека континуираниот раст можат да го обезбедат само луѓето, поточно развојот се случува со живеењето на луѓето во мир и просперитет. Како заклучок, во периодот што претстои, утврдувањето на технолошката супериорност и победникот во трговијата и војната, повторно е човекот, ние, луѓето. Без зголемувањето на населението, производството и инвестициите, не може да се гради глобална иднина. Бидејќи оваа борба не е во можност да ја забрани технологијата, тогаш потребно е да се развијат методи со кои ќе се обезбеди усогласување“.
„За жал, доколку погледнеме на животот во овој момент, можеме да забележиме дека беспотребните трошоци водат во економијата. Едно семејство има повеќе автомобили... Секој има автомобил... Тоа се вика беспотребна економија, тоа не е ефикасна економија, но кога ќе преминеме во ефикасна економија, тогаш во оптек ќе влезат инвестиции. Онаму каде што има инвестиции, ќе се појават и нови вработувања. Каде што има вработувања, ќе започне производството“, рече претседателот Ердоган.
- „Во Германија се изведени 416 напади врз муслимани и муслимански верски објекти“
Претседателот Ердоган потсети дека откако започна да расте непријателството кон странците и кон муслиманите, од 2001 година досега, само во Германија се изведени 416 напади врз муслимани и муслимански верски објекти. „Само во првите 9 месеци од оваа година се изведени 46 напади. Нашите државјани се најголеми жртви на овие напади. Овие напади на омраза се во подем и ќе продолжат да растат благодарение на политичката поддршка. Од друга страна, никој нека не се зачуди доколку кампањата што денеска се спроведува против бегалците како заштита на просперитетот на западните земји, по извесно време започне да се спроведува со роботи против бегалците. Тоа го покажува следното, демократијата не може да остане на нозе, без да се осврнеме кон технологијата со фокус кон човекот, без зголемување на просперитетот, намалување на сироматијата и отворање на патот кон развојот“.
- „Западните земји во 100-200 луѓе гледаат лична закана“
Во врска со западното општество и заканите што тоа ги гледа за својот просперитет, претседателот Ердоган истакна: „Ова е многу битно, во Турција има 3 милиони бегалци, ние нив не ги гледаме како закана, но западното општество на 100 лица, 200 лица, 300 лица гледа како на лична закана и оваа непријателска политика против бегалците и странците започна да ги зафаќа и раководствата на овие држави. Турција е земја што најмногу и најчесто зборува против оваа негативност“.
- „Овој народ ќе успее да се одбрани и од економските притисоци”
„Немојте да заборавите дека неодамна го имавме најсуровиот и најподмолниот обид за државен удар, најкрвавиот терористички напад, кој овој народ успеа да го надмине, така што народот ќе успее да се одбрани и од овој економски притисок што се спроведува врз него“, рече понатаму претседателот Ердоган во своето обраќање. „Бидете сигурни во едно, денешна Турција е многу поотворена и посветла од онаа од утрото на 15 јули“, додаде тој.
- „Пред Турција секогаш стојат голем број алтернативи“
Турскиот претседател Ердоган, во врска со одлуката на Европскиот парламент за запирање на преговорите со Турција за ЕУ го истакна следното:
„Ќе работиме двапати повеќе од она што го работиме денеска, трипати повеќе, ќе шетаме низ светот повеќе од претходно, но никогаш нема да ја наведнеме главата. Нека не ни замерат, но треба да знаат дека ние не сме од земјите што ја наведнуваат главата со наметнување на такви идеологии. Додека вие не можете да се грижите за 100, 200, 300 бегалци, оваа земја со сопствен капитал, од свој џеб е домаќин на 3 милиони бегалци, се грижи за нив. Сѐ е на виделина. Последната одлука на Европскиот парламент (ЕП) е директно и отворено покажување на реалноста што ние со години ја живееме. Се подразбира дека ваквата навреда од страна на ЕУ нѐ вознемири. Но и покрај тоа, видете, тоа го велам во овој момент, сѐ уште не ја затворивме книгата со ЕУ. Но сликата што можеме да ја видиме не дава позитивни очекувања за да не ја затвориме книгата со ЕУ. Никој не треба да го заборави следното, пред Турција секогаш стојат голем број алтернативи и со спроведување на една од тие алтернативи, ние ќе го продолжиме својот пат. Не го наоѓам за адекватно да го кажам тоа од оваа говорница, но се подразбира дека ние продолжуваме да се среќаваме и со алтернативните можности“.
- „Ти не си недостапно индиско платно“
Претседателот Ердоган за преговорите со ЕУ рече: „Оваа земја 53 години чека пред вратите на Европската Унија. Ќе кажам, ти не си недостапно индиско платно. Ние и вака и така ги поминавме овие 53 години. Вие извршивте многу вакви притисоци врз голем број земји во светот. Што се случи, завршивте ли? Треба да знаете дека никогаш нема да ја уништите Турција”.
- „И на северот има Република Турција. Ќе го видите тоа”
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во врска со кипарските преговори го кажа следното: „Без срам, на состаноците на Европската Унија доаѓаат со знаме на кое е прикажан целиот кипарски остров. Првенствено, вие не може да имате такво знаме. Таму постои и Турска Република Северен Кипар (ТРСК), Ти си Јужен Кипар под грчко раководство. На северот постои Република Турција. Ќе го видите тоа. Тоа што го правите е непочитување. На некој начин ќе го разберат и ќе го научат тоа”.
- Палестинска држава со граници од 1967, единствен пат кон траен мир на Блискиот Исток
Претседателот на Турција рече дека единствениот пат до траен мир на Блискиот Исток е формирање независна и суверена палестинска држава врз основа на границите од 1967 година, со источен Ерусалим како главен град. „Единствениот пат до траен мир на Блискиот Исток е формирање на независна и суверена палестинска држава врз основа на границите од 1967 година, со источен Ерусалим како главен град. Затоа е потребно да се зајакне поддршката на меѓународната заедница кон Палестина“, рече Ердоган.
- „Каде е ОН додека во Сирија смртта пустоши?"
Претседателот Ердоган изјави дека смета дека во Сирија се убиени блиску милион луѓе и дека уште се убива во аа земја. „Моментално се зборува за 600 илјада страдани, но сметам дека во Сирија се убиени блиску милион луѓе. Смртта и понатаму пустоши низ Сирија. Убивањата продолжуваат и не се гледа дали гинат деца, жени или мажи. Каде е сега ОН, што прави? Дали (ОН) е можеби во Ирак? Не, не е. Бевме стрпливи колку што тоа беше возможно а потоа моравме да влеземе во Сирија и да и помогнеме на Слободната војска на Сирија. Зошто влеговме? Не за да задираме во нечија територија, нечија земја, туку за да таа земја им припадне на оние кои се нејзини вистински корисници. Значи дека сме таму подари поддршката за воспоставување на правда. Влеговме таму за да го завршиме владеењето на насилниците и злосторниците на Асад, кој сее терор во име на државата", рече Ердоган.
- „Заштитата на Ерусалим е заедничка задача на сите муслимани"
Исто така, тој рече и дека заштитата на Ерусалим е заедничка задача и должност на сите муслимани.
„Заштита на нашата прва Кибла, Месџидот Ал-Акса не е само обврска на палестинските деца кои освен стегната тупаница и по некој камен немаат друго оружје. Заштитата на Палестинците, заштитата на Ерусалим е заедничка задача и должност на сите муслимани", рече Ердоган за време на обраќањето на учесниците на 7. самит на Босфорот во Истанбул.
news_share_descriptionsubscription_contact
