Hamdi Çelikbaş
20 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
АНКАРА (АА) - По повод 46-годишнината од турската мировна операција на Кипар, претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, повика на чесно и трајно решавање на кипарското прашање, јавува Агенција Анадолија (АА).
„На Кипар е можно да се постигне праведно и трајно решение единствено со прифаќање на рамноправниот статус на кипарските Турци“, порача Ердоган.
Турскиот претседател преку порака по повод 46-годишнината од Мировната операција на Турција во Кипар се обрати до граѓаните на Турската Република Северен Кипар и истакна дека Турција како и пред 46 години и денес е покрај кипарските Турци.
„Оваа операција на целиот свет му покажа она што кипарските Турци можат да си го дозволат кога ќе бидат повредени нивните основни права, кога ќе има закана по слободата и кога е во прашање нивниот опстанок. Нема друг пример во светот за трпеливост како овој на кипарските Турци кои се борат за еднаквост повеќе од 50 години. Покрај сите видови на притисоци и закани, кипарските Турци се бореа и ги бараа своите права и слободи. Турција како и пред 46 години и денес е со кипарските Турци. Турција е гарант за мирот и стабилноста на кипарските Турци, ќе продолжи да биде и понатаму,“ нагласи Ердоган.
- „Трајно решение е можно со прифаќање на еднаков статус на кипарските Турци“ -
Претседателот Ердоган истакнувајќи дека постигнување на правично и трајно решение на островот е можно само со прифаќање на еднаквиот статус на кипарските Турци, додаде:
„Кипарските Грци без одложување треба да испорачаат политичка еднаквост на кипарските Турци и нивните еднакви права над природните ресурси на островот.“
Ердоган исто така додаде дека Турција и кипарските Турци секогаш заземале став за мир и компромис.