Andaç Hongur,Çiğdem Münibe Alyanak,Eren Bozkurt
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека е фатен терористот на ПКК/ЈПГ кој го организираше вчерашниот крвав терористички напад во Африн, во кој загинаа 40 лица, од кои 11 деца, а повредени беа 47 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган денеска имаше телефонски разговор со Аднан Хемдан ел Асани, таткото на сирискиот државјанин Али Хемдан ел Асани, кој вчера го загуби животот во Адана, случајно застрелан со предупредувачки куршум на турската полиција откако не застанал на знакот „стоп“ и почнал да бега.
Според соопштението на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Ердоган во телефонскиот разговор посака Божја милост за Али Хемдан ел Асани и изрази сочувство до неговото семејство.
Ердоган истакнувајќи ја големото жалење за инцидентот, рече дека започнат е правен процес за настанот и дека процесот ќе го следи до крај.
„Али е и наше дете, да не се сомневате во тоа дека нема да ги заштитиме неговите права“, нагласил Ердоган во разговорот со таткото на загинатиот Али.
Изразувајќи поздрав до сирискиот народ, Ердоган рече: „Фатен е терористот на ПКК/ЈПГ кој го организираше вчерашниот крвав терористички напад во Африн.“
Таткото Ел Асани заблагодарувајќи му се на Ердоган, во телефонскиот разговор истакнал:
„Ние сме браќа. Ние сме горди на претседателот на Турција и народот на Република Турција. Почитуван претседателе се гордеам со вас. Сакам да ги заштитите правата на Али. Се гордеам со вашата Влада, со вашата држава. Турција и Сирија се браќа, ние сме едно.“