İlkay Guder
07 Јули 2017•Ажурирај: 08 Јули 2017
ХАМБУРГ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган пред состанокот со премиерот на Јапонија Шинзо Абе во Хамбург, каде се одржува Самитот Г20, истакна дека терористичката организација ФЕТО на ниту еден начин не ја претставува Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Терористичката организација ФЕТО, за жал, и понатаму спроведува активности во Јапонија под плаштот на образовни институции, фондации и таканаречени културни центри. Структурите на ФЕТО спроведуваат различни активности претставувајќи се како претставници на турското општество. Тие на ниту еден начин не ја претставуваат Турција", рече Ердоган.
Изрази благодарност на премиерот на Јапонија поради поддршката по обидот за пуч во Турција, на 15. јули минатата година.
„Ви се заблагодарувам што бевте меѓу првите премиери кои не повикаа по ужасниот обид за пуч во нашата земја", рече турскиот претседател.
По првиот работен состанок насловен Глобален раст и трговија одржани се и првите билатерални состаноци во рамките на Самитот Г20.
Самитот Г20 се одржува денеска и утре во градот Хамбург во Германија.