Murat Paksoy,Murat Kaya
07 Јули 2017•Ажурирај: 08 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Кривичниот суд во Истанбул му изрече казна доживотен затвор на подофицерот Јусуф Јилдиз во рамките на судењето во врска со окупацијата на зградата на Гувернерството на Истанбул при минатогодишниот обид за државен удар во Турција, на 15 јули, од страна на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
За споменатите настани беа осудени 24 осомничени, вклучувајќи го и подофицерот Јилдиз и други 23 војници. Јилдиз претходно беше во притвор, а одлуката е донесена денес, и тоа е првата одлука во рамките на судските процеси поврзани со настаните во Истанбул за време на обидот за државен удар.
На Јилдиз му е изречена казна доживотен затвор под обвинението „обид за укинување на уставниот поредок“.
Од друга страна, судот ги ослободи сите 23 осомничени војници, кои во тој период биле ангажирани како обични војници, и немале намера да сторат криминал.