Завршени изборите во Турција, затворени избирачките места
Резултатите на изборите во изборната ноќ со Anadlu Agecy можете да ги пратите на веб страницата: secim.aa.com.tr
????? ????????
01 Ноември 2015•Ажурирај: 05 Ноември 2015
Анкара
Со затварање на избирачките места завршени се општите избори во Турција на кои повеќе од 54 милиони регистрирани гласачи го бираше новиот состав на националниот парламент,односно составот на Големото народно собрание на Република Турција, која брои вкупно 550 пратенички места, јавува Anadolu Agency (AA).
Избирачките места во 32 изборни единици на истокот и југоистокот на Турција отворени се утринава во 7, а во остатокот на земјата во 8 часот по локално време, односно во 5 и во 6 часот по средноевропско време.
Отворени се вкупно 175.006 избирачки места во вкупно 81 провинција каде 54.049.940 регистрирани гласачи го бираше 26. Состав на најголемото законодавно тело во Турција на повторени избори, по оние одржани на седми јуни. Избирачките места се затворени во 16 часот по локално време на истокот и во 17 часот во остатокот од земјата. Избирачките места во кои во време на затворање ќе има избирачи до завршетокот на изборниот процес.
Според информациите на Врховната изборна комисија (YSK), за време на изборниот процес не се забележани поголеми инциденти , а во неколку споредни инциденти полесно се повредени повеќе лица. Во тек е пребројувањето на гласачките ливчиња со сите 175.006 избирачки места во Турција, а се очекува Врховната изборна комисија првите прелиминарни резултати да ги објави вечерва.. Резултатите на изборите во изборната ноќ со АА Балканс можете да ги следите на веб страноцата: secim.aa.com.tr на турски, англиски и арапски јазик. На изборите учествуваа вкупно 16 политички партии и 21 независен кандидат.
Во изборната трка со најголеми очекувања велкува владеачката Партија на правдата и развојот (AK Parti) со премиерот Ахмет Давутоглу, потоа најсилната опозициска Републиканска народна партија (CHP), чиј лидер е Кемал Киличдароглу и исто така опозициската Партија на нацинално движење (MHP) предводена од Девлет Бахчел, како и прокурдската Народна демократска партија (HDP) која на изборите одржани на седми јуни по прв пат го помина изборниот праг.
Избирачките места за државјаните на Турција кои живеат во странство беа отворени од 8. до 25.октомври и тоа во 54 земји. Гласачките места на граничните премини исто така отворени беа од 8. октомври,а затворени се на 1. Ноември во 17 часот.
Турскиот парламент брои вкупно 550 пратенички места, а минималниот праг партијата да влезе во него изнесува 10 отсто. За формирање на власт потребна е мнозинство со минимум освоени 276 пратенички позиции. Парламентарните избори во Турција се одржуваат на секои четири години.
Изборниот процес е заснован на база на 81 изборна единица во исто толку големи градови, а бројот на пратеници од секој град доаѓа според квоти, одредени според пописот на населението. Истанбул дава далеку највеќе пратеници- 88, потоа Анкара- 32, Измир- 26, Бурса- 18, додека Конја во парламентот влегува со 14 пратеници.
На претходните парламентарни избори одржани на 7.јуни оваа година, ниту една политичка опција не успеа да освои доволно мнозинство за да може самостојно да формира власт. Со оглед дека коалициските преговори поминаа без резултат, турскиот претседател Реџеп Т. Ердоган го искористи уставното овластување и донесе одлука за повторување на изборите.