????? ????????
01 Ноември 2015•Ажурирај: 05 Ноември 2015
Во Турција денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, а претседателот на владеачката Партија на правдата и развојот (АК Parti) и актуелниот премиер на Турција Ахмед Давутоглу својата граѓанска должност ја изврши во избирачкото место во градот Конја, јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска на избирачките места одат 78 милиони турски избирачи, уште еднаш да ја извршат својата граѓанска должност.
Пред се нека тоа биде добро за нашата земја, народот и човештвото воопшто“ порача Давутоглу. Потсетувајќи дека неодамна беше одбележан Денот на републиката односно 92.роденден на Република Турција, Давутоглу изјави дека денешната држава Турција со демократскиот систем на управување изразна во редот на водечките земји во светот во кои се одвиваат процесите на демократскиот,економскиот и социјален развој.
“За прв пат во историјата во така краток период излегуваме по втор пат на избори. Како што гледам, расположението и обемот на излезноста се оптимистички. Посебно сакам да кажам дека имаше шпекулации во врска со безбедноста на изборите и така се обидуваа да предизвикаат мал одзив ма гласачи. Превземени се сите потребни безбеднони мерки во сите делови на земјата и ги повикуцам граѓаните да и веруваат на државата и на нејзините безбедносни сили. Тие обиди посебно интензивни беа на истокот и на југоистокот на земјата, но гледате дека изборниот процес во сите села и градови се одвива според планот“ , изјави Давутоглу.
Нагласувајќи дека демократијата и човекот се најголемата сила, Давутоглу кажа дека власта претставува ствар на доверба, дека таа не е трајна, туку таа е тука да им служи на интересите на земјата и на народот со траен карактер.
На прашањето дали во изборната ноќ ќе одржи традиционално обраќање од балконот на седиштето на партијата, Давутоглу кажа дека секако ќе им се обрати на гласачите и целиот народ, бидејќи тоа е убав обичај кој го воведе актуелниот турски претседател Реџеп Т. Ердоган, во периодт на премиерскиот мандат.