????? ????????
01 Ноември 2015•Ажурирај: 04 Ноември 2015
Во Турција денес се одржуваат предвремени парламентарни избори, а својата граѓанска должност ја исполни турскиот претседател Реџеп Т. Ердоган и актуелниот шеф на турскиот парламент, Големото народно собрание на Република Турција, Исмет Јилмаз, јавува Anadolu Agency (AA) .
Претседателот Ердоган со својата сопруга Емине Ердоган и со ќерката Сумеја Ердоган гласаше во избирачкото место во истанбулското основно училиште Сафет Чеби, а пред избирачкото место со овации ги дочека поголема група на граѓани.
По обавената граѓанска должност, Ердоган во изјава за медиумите порака дека сите мораат да ги почитуваат резултатите на изборите и волјата на народот која ќе се покаже вечерва после пребројување на гласачките ливчиња.
“Потребата да се оди на овие избори се роди на база на изборите од седми јуни, бидејќи не можеше да биде воспоставена власт и политичка стабилност.
Денеска сме свесни колку ни значи таа стабилност и уверен сум дека таа ќе биде постигната.Гласачите избираат. Ќе мораме да ги почитуваме резултатите кои се волјата на народот. Турција помина долг пат на демократскиот прогрес и со денешните избори тој изминат пат ќе се потврди“, изјави Ердоган.
Тој додаде дека изборната ноќ ќе ја помине во Истанбул.
Претходните парламентарни избори во Турција се одржаа на седми јуни, но резултатите од изборите не донесоа нова влада, па претседателот Реџеп Т. Ердоган ја искористи уставната можност за распишување на предвремени избори.
Во изборната трка за 550 пратенички места во Големото народно собрание не Република Турција учестуваат 16 партии и 21 независен кандидат.
Изборниот праг за влез во власта е 10 отсто.
Првите прелиминарни резултати се очекуваат неколку саати после затварањето на избирачките места.