Meryem Göktaş
22 Април 2019•Ажурирај: 23 Април 2019
АНКАРА (АА) - Денес во Анкара, Турција, започна 14. програма за обука за воено новинарство на Anadolu Agency под надзор на Новинската академија на Агенцијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинската академија на Anadolu Agency ќе ги обучува дописниците во соработка со турската Полициска академија, Агенцијата за управување со катастрофи, Турските вооружени сили и Потсекретаријатот за јавен ред и безбедност.
Програмата се реализира во турската Полициска академија во Анитепе.
Зборувајќи на свеченото започнување на програмата, заменик-координаторот на Академијата за новинарство на АА, Хајри Четинкуш, изјави дека програмата е со цел да ги подготви дописниците за соочувањето со опасностите кои можат да се појават при известување во вонредни ситуации како што се војни, природни катастрофи и масовни немири.
„Anadolu Agency не испраќа дописник во воена зона без да помине обука“, додаде Четинкуш.
На обуката присуствуваат дописници на АА од различни региони и тројца новинари од Сирија.
Програмата вклучува обуки на новинарство во услови на пресија, лична безбедност, законите на војната, прва помош, напредни техники за возење, техники за преживување во вода, при хемиски и биолошки напади и вештини на менаџирање со медиуми во непријателски средини.
Програмата ќе продолжи до 3 мај. На успешните учесници ќе им бидат доделени меѓународно признати сертификати.