Gökhan Yılmaz
22 Април 2019•Ажурирај: 23 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) – Се урна четирикатна зграда во населба Кагитане, по распадот на потпорен ѕид. Пред уривањето на зградата луѓето беа евакуирани, јавува Anadolu Agency (AA).
Се сруши зграда во изградба, а поради уривањето на потпорниот ѕид, некои згради во околината беа евакуирани поради ризик.
Една од евакуираните згради пропадна како резултат на лизгањето на земјиштето. Два автомобила останаа под остатоците од зградата.
Полициските тимови испратени на местото на настанот презедоа безбедносни мерки, а работата на пожарникарите продолжува.