Ekipa
02 Февруари 2017•Ажурирај: 02 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Денес се издадени налози за приведување на 177 полициски офицери во Турција, поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, која стои зад минатогодишниот обид за државен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на јавниот обвинител на Анкара се издадени налози за приведување на полициски службеници што ја користеле апликацијата „БајЛок“, којашто инаку е користена од припадниците на терористичката организација ФЕТО.
Анонимниот официјален извор не даде информации во врска со работниот стаж на службениците или колкумина се приведени.
Терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, стои зад обидот за државен удар во кој загинаа 248 лица.
„БајЛок“ е систем за шифрирана комуникација, којшто го користеа членовите на терористичката организација ФЕТО сѐ додека не беше пробиен од страна на безбедносните служби, така што членовите на ФЕТО можеа да бидат идентификувани.
По неуспешниот обид за државен удар, десетици илјади полициски службеници, воен персонал и други вработени во јавниот сектор беа приведени поради поврзаност со ФЕТО.