Ekipa
19 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Државното обвинителството во Истанбул соопшти дека во 110 земји се водат истраги против 4.167 лица, поврзани со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека меѓу другото, целта на ФЕТО е во тие земји преку училиштата кои работат под нејзина закрила да се создаде владејачка елита.
Се додава дека во речиси 160 земји низ светот постојат образовни и културни институции кои работат под закрила на ФЕТО.
Терористичката организација ФЕТО во 1970-тите години почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, по што во 1980-тите години значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции и на 15 јули 2016 година, изведе неуспешен обид за воен удар со цел уништување на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.
За време на обидот за воен удар во Турција загинаа најмалку 250 лица, а околу 2.200 беа повредени. Турските надлежни институции покренаа опсежна борба против оваа терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен.