Zülfiya Yakup
15 декември 2015•Ажурирај: 16 декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Денеска во Министерството за внатрешни работи на Косово, се потпиша договорот за реадмисија на лицата кои живеат со нерешен статус на престој, јавува Anadolu Agency (АА).
Договорот во Приштина го потпишаа министерот за внатрешни работи на Косово Скендер Хусени и амбасадорката на Турција во Косово, Кивилџим Килич. Министерот Хусени рече дека Турција е стратешки партнер на Косово и дека со потпишувањето на овој договор се означува поголем пристап во сите сфери.
„Договорот кој го потпишавме, освен практичното значење во областа на реадмисија на Косово има посебно значење во областа на визната либерализација„ , рече Хусени, објаснувајќи дека овие денови очекуваат позитивна потврда од Европската комисија во врска со прашањето на визите. Турската амбасадорка во Косово Кивилџим Килич, рече дека односите помеѓу Косово и Турција се базирани на меѓусебно пријателство и култура, со натамошното зајакнување на соработката.
„Ние ќе продолжиме да го поддржиме Косово како што сме и правеле досега со цел Косово да се развие и да го заземе заслуженото место на меѓународната арена. Радосна сум што потпишувањето на овој договор претставува чекор напред во нашите одлични односи" , рече амбасадорката Килич и додаде дека како сите други Балкански земји исто така и Турција својата иднина ја гледа во Европската Унија.