İrfan Aydoğdu,Kerem Kocalar
08 Октомври 2016•Ажурирај: 09 Октомври 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Американската актерка Линдзи Лохан го посети бегалскиот камп во Низип, во југоисточната турска провинција Газиантеп, во кој се сместени сириските бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Познатата актерка освен официјалните претставници, ја пречека и градоначалничката на Газиантеп, Фатма Сахин.
Лохан, оствари средба со претставници од Газиантеп, а потоа го посети училиштето како и просториите со социјални содржини во кампот.
Во таа прилика децата бегалци организираа програма на која пееја на англиски јазик. Лохан за децата во кампот подготви подароци, а ги посети курсевите во кои бегалците сликаат и производуваат ракотворби.