Nilay Kar
19 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Денес во Истанбул беше пуштена новата услуга на такси превоз со луксузни такси-возила, која има за цел да обезбеди поудобно и подобро искуство за корисниците, јавува Anadolu Agency (AA).
Првoто луксузно такси што му припаѓа на Здружението на такси возачи од аеродромот Ататурк, започна со работа низ улиците на Истанбул.
Според Здружението, специјално дизајнираните такси-возила, кои имаат капацитет од девет патници и се опремени со мини-бар, чинат двапати повеќе од нормалните такси возила.
Од Здружението на такси возачи од аеродромот Ататурк рекоа дека започнале со оваа услуга на луксузен превоз со цел да им се спротивстават на нелиценцираните такси-возила.
„Нашата цел е да се бориме против Убер и против нелиценцираните такси-возила. Исто така, сакаме да ги спречиме таксистите да бараат повисоки цени“, изјави за АА Лами Ас, возач на луксузно такси.