Gözde Bayar
09 Септември 2019•Ажурирај: 11 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Подрачјето на Бејпазари во Анкара, кое претставува лулка на цивилизацијата, се очекува да биде номиниран на привремената Листа на светско наследство на УНЕСКО.
„Бејпазари е номиниран за Листата на светско наследство. Ние сме уверени и имаме надеж“, изјави градоначалникот Тунџер Каплан за Anadolu Agency (AA).
Нагласувајќи дека се одбира само еден кандидат меѓу над 130 кандидати годишно, Каплан истакна дека тие одржале состаноци и дека ќе ги преземат потребните чекори за кандидатура.
„Веруваме дека Бејпазари го заслужува статусот на Светско наследство повеќе од многу други места“, изјави Каплан, додавајќи дека Бејпазари има долга историја како дом на Хетитите, античките Римјани, Византијците, Селџуците и на Османлиското Царство.
„Покрај тоа што има богата културна вредност, регионот игра голема улога на полето на земјоделството“, рече тој.
„Ние сме водечка област во Турција според земјоделството. Обезбедуваме 12-13 отсто од вкупната потреба од зеленчук во земјата“, истакна Каплан.
Тој додаде дека подрачјето, освен што има удел од речиси 60 отсто во вкупното производство на моркови во Турција, тоа е предводник и во производството на зелена салата, млад кромид и спанаќ.
„Регионот има голем капацитет во производство на расад и ги обезбедува јужните турски области Адана и Мерсин“, додаде тој.
„Добиваме резултати од овошни фиданки засадени пред три години. Нашиот проект за овошна градина продолжува на површини од над 200.000 километри квадратни“, рече градоначалникот на Бејпазари.
Тој нагласи дека се вложува напори и за зајакнување на постројките за процесирање на семиња, стаклени градини и пчеларници.
„Ќе станеме познати и по нашето овоштарство, особено по јагодите, во наредните две години со диверзификување на овошните култури“, додаде тој.
- Центар на гастрономијата -
Бејпазари е познат по својата локална храна како што е „beypazari kurusu“, која претставува традиционално тесто, како и висококвалитетната природна минерална вода „tarhana“ - сушена мелена мешавина од ферментиран јогурт и пченично брашно кое обично се служи како супа; „eriste“ - традиционални тестенини, и полнети листови од грозје.
„Оваа година планираме да организираме гастрономски фестивал во соработка со Универзитетот „Анкара““, изјави Каплан.
Осврнувајќи се на 25. Меѓународен фестивал „Бејпазари“, кој се одржа од 6 до 8 септември, градоначалникот изјави дека традиционалниот фестивал ја зајакнува трговијата во регионот.
Тој додаде дека најдобриот дел од овој фестивал било тоа што луѓето се чувствувале убаво.
Градоначалникот рече дека е спроведена и промотивна кампања преку социјалните мрежи, која допрела до речиси 4 милиони лица.
Сопругата на амбасадорот на Замбија во Турција, Ајви Мусанда Чиленги, за АА изјави дека фестивалот досега го има посетено двапати.
„Обично купувам локални производи, како што е сушена храна и зеленчук“, рече Чиленги, потенцирајќи дека Замбија и Турција имаат слични културни карактеристики.
„Замбијците се заинтересирани и за фестивали на кои луѓето ги изложуваат своите рачно изработени производи“, рече таа, додавајќи дека Бејпазари е прекрасно место и дека ужива во фестивалот.
Фестивалот привлече илјадници луѓе од Турција и од неколку други земји, вклучувајќи дипломати од Јапонија, Мароко и од Сенегал.
Бејпазари е член на Европската асоцијација на историски градови и региони.