Ömer Ürer
13 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
ДУЗЏЕ (АА) - Министерот за Јавна Администрација на Косово Махир Јагџилар, во врска со соборувањето на рускиот воен авион кој го наруши воздушниот простор на Турција, рече „Постојат некои јасни црвени линии, тие не смеат да се надминат. Секоја држава мора да дејствува земајќи ги во предвид овие граници", јавува Anadolu Agency (AA).
За новинарот на АА, Јагџилар изјави дека односите помеѓу Косово и Турција се многу цврсти и дека оваа ситуација ќе продолжи и во наредниот период.
Јагџилар, кој во врска со соборувањето на рускиот воен авион кој го наруши воздушниот простор на Турција рече „Секако дека Турција е во право во врска со ова“,
„И ние, во врска со ова, ја поддржуваме Турција. Како што Република Турција нè поддржува нас, исто така и ние ја поддржуваме Турција. Треба да ја поддржуваме. Се надеваме дека ова прашање ќе се реши на мирен начин. И ние сме за мирот и спокојството“.
Јагџилар, кој потенцираше дека секоја држава има право да се брани, соопшти дека „Постојат некои јасни црвени линии, тие не смеат да се надминат. Секоја држава мора да дејствува земајќи ги во предвид овие граници".
Потенцирајќи дека Турција секогаш ставала акцент на живеењето во мир и пријателство со сите држави во регионот, Јагџилар рече „Се надеваме дека овие проблеми ќе се надминат во иднина. Сакам да истакнам уште еднаш дека ние ја поддржуваме Република Турција“.