Ömer Ürer
23 Ноември 2022•Ажурирај: 23 Ноември 2022
ДУЗЏЕ (АА) - Почина лице кое беше пренесено во болница поради пад како последица на силниот земјотрес кој го погоди Дузџе, Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хикмет Челеби (47) од областа Чилимли се обидел да побегне од својот дом за време на земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтер, со епицентар во областа Гољака и 4,7 во областа Чилимли. Во таа ситуација изгубил рамнотежа и со главата удрил во ограда.
Семејството веднаш повикало Брза помош, а повредениот бил пренесен во Државната болница „Ататурк“ во Дузџе.
Утврдено е дека дошло до крварење во мозокот, но и покрај напорите на лекарите да го спасат, кратко по тоа починал.