Ömer Ürer
29 Април 2021•Ажурирај: 30 Април 2021
ДУЗЏЕ
- Омер УРЕР
Пет младенчиња на лисица, по смртта на нивната мајка во подрачјето на Јозгат, земени се под заштита во Центарот за рехабилитација во областа за развој на диви животни во езерото Ефтени во Дузче, а ќе бидат пуштени во природата по завршувањето на процесите за нега.
Лисиците бебиња, кои останаа без мајка откако мајката лисица била удрена од возило, загрижените граѓани ги предадоа на експозитурата на Дирекцијата за национални паркови „Јозгат“.
Подоцна, младенчињата биле пренесени во Центарот за рехабилитација во областа за развој на дивите животни во езерото Ефтени кој е дел од Националните паркови и заштитата на природата во Дизџе, каде што е обезбеден простор за нив.

Бугра Емироглу, експерт за диви животни, која ја презела одговорноста да се грижи за лисиците младенчиња, животните ги храни со мајчинска наклонетост.
Обидувајќи се да не дозволат лисиците да го почувствуваат отсуството на нивната мајка, Емироглу младенчињата ги нарече „Браќа Далтон“.
- „Се трудиме да ги заштитиме нашите диви животни и да ги вратиме во природата“
Известувајќи го новинарот на АА дека младенчињата на лисицата се стари 6 недели, Емироглу истакна „Младенчињата лисици ќе се хранат со млеко додека не наполнат 3 месеци. Кога ќе наполнат 6 месеци, ќе бидат пуштени назад во нивната природна средина.“

Објаснувајќи дека Центарот за рехабилитација во областа за развој на диви животни во езерото Ефтени потпаѓа под Министерството за земјоделство и шумарство на Турција и е основано со цел подобрување и згрижување на повредените диви животни во околните провинции, Емироглу рече: „Третираме и се грижиме за диви животни како мечки, рисови, елени, срни и мршојадци. Потоа ги враќаме назад во нивните природни живеалишта. Ова е важен центар за регионот. Вложуваме напори да ги заштитиме нашите диви животни колку што можеме и потоа повторно да ги вратиме во природата.“