Burcu Çalık
01 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, ќе се состанат во Ватикан и ќе разговараат за билатерални и регионални теми, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на турскиот претседател за односи со јавноста потврди дека Ердоган на повик на папата Франциско во недела, на 4 февруари, ќе отпатува во дводневна официјална посета на Ватикан.
Во соопштението се наведува дека турскиот претседател ќе се состане и со ватиканскиот државен секретар, кардиналот Паролин.
Главни теми на состанокот на Ердоган со папата ќе бидат билатералните односи меѓу Турција и Ватикан, како и регионалната криза, статусот на Ерусалим (Кудс), ситуацијата во Сирија, проблемите со ксенофобијата и исламофобијата во светот, борбата против тероризмот и други прашања.
Ердоган ќе биде првиот турски претседател кој го посетил Ватикан.
По официјалната посета на Ватикан, Ердоган во Рим на деловен ручек ќе се состане и со италијанскиот колега Серџо Матарела, а потоа и со шефот на италијанската влада Паоло Џентилони.