Sibel Uğurlu
01 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
ХАКЌАРИ (АА) - Најмалку еден турски војник загина, а петмина се повредени во ракетен напад на терористите на ПКК извршен врз воената база во југоисточната турска област Хакќари, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарoт на АА јавува дека терористите го извршиле нападот врз базата во пограничната турска област Чукурџа, од територијата на Ирак.
Ранетите војници беа однесени во државната болница во Хакќари.
Неименуван извор истакнува дека турските безбедносни сили започнале обемна операција за неутрализирање на терористичката закана.
Сепаратистичката организација ПКК е на листата терористички организации во Турција, САД и Европската Унија.
Покрај во Турција, ПКК делува и во северен Ирак и Сирија, каде што делува огранокот на ПКК, ПЈД/ЈПГ.
Планините Кандил, Гара, Метина и Зап се наоѓаат во северен Ирак по должината на ирачко-турската граница.
Станува збор за подрачје кое се смета за колевка на терористичкото движење ПКК.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција и во северниот дел на Сирија и Ирак.