Burcu Arik
05 Април 2018•Ажурирај: 05 Април 2018
АНКАРА (АА) - За време на антитерористичка операција во источната област Тунџели, неутрализирани се седум терористи на ПКК“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турското Минисерство за внатрешни работи соопшти дека висок припадник на терористичката организација, кој се наoѓа на листата на најбарани, на т.н. „црвена листа“, исто така, бил меѓу неутрализираните терористи.
Терористот на ПКК, Медени Сајилган, со кодно име Панзер Кемал, беше т.н. „регионален шеф“ на источната турска област Ерзурум.
Од Министерството се вели дека антитерористичките акции биле спроведени во руралното подрачје на Пулумур, како дел од внатрешните безбедносни операции.
„Антитерористичките операции во регионот се во тек“, се додава во соопштението.
Терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата 30-годишна вооружена кампања против Турција, во која загинаа повеќе од 40.000 лица.