Emrah Yaşar
05 Април 2018•Ажурирај: 06 Април 2018
ЕСКИШЕХИР (АА) - Асистент на Универзитетот „Османгази“ во турскиот град Ескишехир, застрела четири лица, меѓу кои и заменик-деканот на овој универзитет, а повреди три лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, Догукан Б. вработен како асистент на Педагошкиот факултет на Универзитетот „Османгази“, поради сè уште непознати причини, со оружје ги уби заменик-деканот Микаил Јалчин, секретарот на овој факултет, Фатих Озмутлу, асистентот Јасир Армаган, како и професорот доц. д-р Сердар Чаглак, додека повреди три лица.
Според соопштеното, напаѓачот е приведен, додека на местото на настанот се наоѓаат голем број амбулантни возила.