Can Erözden
19 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Воени извори соопштија дека турски воени авиони уништиле три позиции на ДАЕШ во северниот дел на Сирија, доцна синоќа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Уништени се магацин за оружје, засолниште и наводното седиште на терористичката организација за регионите Барагитах / Сандарах во Сирија“, истакнаа изворите кои сакаа да останат анонимни.
Изворот додаде дека борбените авиони безбедно се вратиле во своите бази.