Mücahit Türetken
30 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Здружението на децата од светот, по повод 22. годишнината од масакрот во Сребреница, отвори изложба на фотографии под наслов „Геноцидот во Сребреница”, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата е отворена во историската Железничка станица во квартот Сиркеџи во Истанбул и на неа се изложени фотографии од „Маршот на мирот” и погребните церемонии на жртвите од геноцидот во Сребреница. Покрај тоа, на поставениот голем екран беа емитувани голем број кратки документарнифилмови за настаните во 1995 година и масакрот на повеќе од 8.000 цивили, кои беа убиени на грозоморен начин.
- „100 младинци со воз ќе испратиме во Босна и Херцеговина”
Аслан Бичиџи, основач на Здружението на децата од светот и нејзин претседател, за АА изјави дека масакрот кој во 1995 година беше изведен во Сребреница, претставува геноцид и како здружение, веќе 7 години ги испраќаат младите од Турција на „Маршот на мирот” во Босна и Херцеговина. Бичиџи соопшти дека по повод овогодишната комеморација, здружението ќе испрати 100 младинци со воз во Босна и Херцеговина, додавајќи дека маршот е во должина од 110 километри.
Бичиџи продолжи со зборовите: „Нашите деца и младина, овие 110 киломтери ги минуваат за 3 дена. Наша цел е со учеството на „Маршот на мирот” и комеморацијата во Сребреница, да ја споделиме болката со нашите браќа од Босна, а на нашите деца да им покажеме што тоа се случило таму. Оваа година, за разлика од претходните, наместо со авион, 100 младинци од Турција ќе патуваат во БиХ со воз”.
- „Ние не сакаме да го заборавиме овој настан”
Бичиџи рече дека патувањето воглавно минува низ земјите од Балканот. „Сакаме нашата младина да ги однесеме во Македонија, Косово, Србија и да ги посетат Скопје, Приштина, Призрен, Белград, Санџак... Ќе патуваме со посебен воз. Сакаме овој настан да остане во сеќавање на нашите деца и младина и да не ги заборават тие денови. Ние не сакаме овој настана да се заборави. Сакаме постојано да го потсетуваме светот на овој геноцид кој се случи во срцето на Европа, а тие останаа неми на сторениот масакр”, рече Бичиџи.
Бичиџи изјави дека во сабота ќе трнат на пат.
„Патувањето ќе биде навечер. Дење ќе прошетаме низ местата во кои ќе се најдеме. Првиот ден ќе прошетаме во Бугарија, а вториот ден Македонија. Потоа патуаме за Србија и Босна и Херцеховина. Програмата во БиХ ќе трае 6 дена. Таму ќе оствариме повеќе средби со деца и младинци од различни невладини организации”, рече претседателот на Здружението на децата од светот, Бичиџи.