Sebahatdin Zeyrek
13 Ноември 2019•Ажурирај: 14 Ноември 2019
ДЕНИЗЛИ (АА) - СЕБАХАТДИН ЗЕЈРЕК - Памуккале, кој е познат по своите травертини, антички остатоци и лековити води, во десет месеци угости 2 милиони 357 илјади посетители, со што го сруши рекордот во оваа област, јавува Агенција Анадолија (AA).
Според податоците на градската Дирекција за култура и туризам, минатата година 2 милиони 128 илјади 880 туристи го посетиле Памуккале, додека само во првите 10 месеци во оваа година Памуккале го сруши овој рекорд и угости 2 милиони 357 илјади и 152 туристи.
- „2019-та беше златна година за Памуккале“
Претседателот на Здружението на туристички хотелиери и претприемачи во Денизли, Гази Мурат Шен, во изјава за АА истакна дека до крајот на годината имаат за цел вкупно 3 милиони туристи да го посетат ова место.
„2019-та беше златна година за Памуккале. Продолжуваат нашите работи со цел да овозможиме секој да ги види шармантните травертини“, рече Шен, додавајќи дека поголемиот дел од туристите кои го посетиле Памуккале биле од земјите од Далечниот Исток, Јужна Америка, како и од Русија и Германија.
Бројките на лица кои во првите 10 месеци во последните години го посетиле Памуккале се следни:
| Период | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
| јануари | 45.327 | 32.321 | 31.167 | 62.395 | 60.152 |
| февруари | 52.957 | 44.295 | 63.510 | 63.254 | 72.055 |
| март | 64.028 | 56.683 | 49.542 | 90.335 | 137.566 |
| април | 118.885 | 74.470 | 90.280 | 144.000 | 150.113 |
| мај | 200.981 | 112.481 | 153.792 | 197.000 | 237.121 |
| јуни | 196.631 | 85.637 | 146.852 | 222.292 | 300.014 |
| јули | 257.695 | 134.019 | 235.004 | 318.214 | 370.026 |
| август | 296.101 | 148.658 | 270.508 | 372.661 | 405.020 |
| септември | 216.149 | 121.557 | 206.192 | 276.500 | 340.587
|
| октомври | 132.335 | 79.810 | 137.537 | 198.000 | 284.498 |
| Вкупно | 1 милион 360 илјади 994 | 889 илјади 931 | 1 милион 384 илјади 384 | 1 милион 944 илјади 651 | 2 милиони 357 илјади 152 |