Emre Karaca
10 Март 2022•Ажурирај: 10 Март 2022
АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во својата порака по трилатералниот Самит на министрите за надворешни работи, Русија - Украина - Турција, што се одржа на маргините на Форумот за дипломатија во Анталија (ADF), рече дека се надеваат на мир во регионот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објава на својот профил на социјалните мрежи, министерот Чавушоглу вели: „Во овој момент, кога потребата за мир е најголема, се сретнав со мојот руски колега Лавров и украинскиот колега Кулеба на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија во трипартитен формат. Нашата желба е да се врати мирот во нашиот регион.“
Чавушоглу во пораката истакна дека ќе продолжат со напорите за продолжување на дипломатијата меѓу Русија и Украина.