Meriç Ürer
20 Јануари 2020•Ажурирај: 21 Јануари 2020
ИЗМИР (АА) - Во рамки на истрагата водена од страна на Републичкото главно обвинителство во Измир, таканаречениот висок припадник на терористичката организација ФЕТО, Јусуф Бекмезџи и таканаречениот имам на оваа терористичка организација во подрачјето на Каршијака, Акиф Сари, фатени се во една куќа во којашто се криеле, во турската област Измир, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бекмезџи и Сари се фатени како резултат на операцијата извршена во две куќи во Измир, од страна на тимовите на Одделот за антитероризам и разузнавачките единици на полицијата во Измир.
Во операцијата запленети се 41.466 долари и 66.625 турски лири (околу 10.200 евра), како и важни организациски документи.
Бекмезџи е еден од најблиските имиња на челникот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, кој исто така може лично да се сретне со него.