Didar Yüsra Dilruba Öz
23 Декември 2016•Ажурирај: 24 Декември 2016
ХАТАЈ (АА) - Турските власти денес изјавија дека речиси 200 повредени од Алепо се лекуваат во Турција по завршената евакуација од градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите објавени од канцеларијата на турскиот премиер, 199 лица (вклучувајќи 81 дете) биле пренесени од Идлиб во амбулантите на турскиот граничен премин Џилвеѓозу.
И покрај напорите на турските медицински персонал, 18 тешко повредени лица ги загубија своите животи.
Од почетокот на евакуацијата, 81 пациент беа префрлени во болниците во други турски области. Од болниците беа отпуштени 28 лица.