Diyar Güldoğan
17 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
МОСКВА (AA) - Гласноговорникот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека треба да се почитуваат резултатите од референдумот за уставни промени што се одржа вчера во Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Веруваме дека секој треба да ја почитува волјата на турскиот народ“, рече Песков, пренесува новинската агенција ТАСС.
Во изјава за новинарите во Москва, гласноговорникот на рускиот претседател истакна дека референдумот е внатрешно прашање на Турција.
Малку повеќе од 51 отсто од гласачите на вчерашниот референдум ги поддржаа уставните реформи во Турција.