Ekipa
23 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
ИСТАНБУЛ/ВАШИНГТОН (АА) - Одборот на извршни директори на Светската банка одобри кредит од 600 милиони долари за работите за проширување на Објектот за подземно складирање природни гасови во езерото Туз во Турција, со грејс период од седум години, и рочност до 22,5 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Светската банка се наведува дека е одобрен финансискиот пакет на „Проектот за проширување на складирање природен гас“.
Во ова соопштение се потсетува дека во ноември 2005 година е одобрен кредит од 325 милиони долари за Објектот за подземно складирање природен гас во езерото Туз, кој се наоѓа во рамките на горенаведениот проект, додека во јули 2014 година е одобрен кредит од 400 милиони долари.
Се истакнува дека стартниот капацитет на овој објект е една милијарда кубни метри. „Проектот за проширување на складирањето на природен гас (за езерото Туз) ќе ги поддржи напорите на Владата за зголемување на капацитетот на објектот за складирање за пет пати, инвестирајќи во истото место“, се вели во соопштението.
Се нагласува дека Проектот за проширување на складирањето на природен гас кој ќе се спроведува од страна на компанијата БОТАШ, ќе се состои од три компоненти.
Според соопштеното, првата компонента е зголемување на капацитетот на Објектот за подземно складирање природен гас во езерото Туз за уште околу четири милијарди кубни метри.
Се истакнува дека проектот за кој е обезбеден кредит од 600 милиони долари, ќе ја намали зависноста на Турција за јаглен во зимските месеци, намалувајќи ги емисиите на стакленичките гасови.
Азиската банка за инвестиции во инфраструктурата (AIIB) обезбедува кофинансирање за проектот, а тоа е флексибилен кредит на Меѓународната банка за реконструкција и развој (IBRD) со грејс период од седум години, и со рочност до 22,5 години.
Првото складирање на гас во Објектот за подземно складирање природен гас во езерото Туз беше започнато од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим, и министерот за енергетика и природни ресурси, Берат Албајрак, на 10 февруари 2017 година.