Faruk Zorlu
23 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа телефонски разговараше со венецуелскиот претседател Николас Мадуро и му честита на победата на претседателските избори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Извори од Кабинетот на турскиот претседател истакнаа дека двајцата лидери ја потврдиле својата решителност за зајакнување на билатералната соработка.
Венецуелскиот претседател Николас Мадурo на претседателските избори во неделата го освои својот втор мандат.
Мадуро првпат беше избран за претседател во 2013 година, по смртта на неговиот претходник Уго Чавез. Вториот мандат на претседателот е во период од шест години, односно од јануари 2019 година до 2025.